Достапни линкови

Ансар е Хезболах насилна група во Иран


Амир Фаршад Ебрахими
Амир Фаршад Ебрахими
Новинарот Амир Фаршад Ебрахими е поранешен член на една од најмоќните ирански организации. Тој беше член но и еден од основачите на на Ансар е Хезболах. Групата посебно се актуелизираше во светската јавност по протестите во Иран кои избиа по
Тоа е болно и непријатно чувство – да гледате како тие убиваат свои сонародници; да ги гледате вашите сонародници како крварат по улиците само поради тоа што ги барале најелементарните човекови права. Болката е поголема кога ќе се сетам дека јас имав улога во формирањето на оние кои го извршуваат насилството. Тоа е лошо чувство и имам грижа на совест
минатомесечните претседателски избори. Фотографии и видео снимки од насилници во цивилки кои тепаат граѓани собрани на мирен протест се објавуваа на интернет страници. Ебраими во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се чувствувал ужасно додека ги гледал снимките од членовите на неговата поранешна група.

„Тоа е болно и непријатно чувство – да гледате како тие убиваат свои сонародници; да ги гледате вашите сонародници како крварат по улиците само поради тоа што ги барале најелементарните човекови права. Болката е поголема кога ќе се сетам дека јас имав улога во формирањето на оние кои го извршуваат насилството. Тоа е лошо чувство и имам грижа на совест.“

Ебрахими, прв од лево
Ебрахими заедно со неколкумина воени ветерани ја основале групата во 1993 година Тие биле детерминирани да ја сочуваат каузата за која биле подготвени да ги дадат животите – Иранската револуција и револуционерите. Нашиот соговорник вели дека една од целите на групата била да се бори против корупција и други неправдини, но властите го согледале потенцијалот на Хезболах и почнале да ја финансираат.

„Се уште сум шокиран. Како може да се толку насилни. Зошто групата која беше оформена со цел да биде војникот во скриениот имам сега ги насочува пушките кон сопствениот народ. “

Ебрахими вели дека групата му била лојална на врховниот лидер на Иран Ајатолах Ал Каменеи. Во 1999 година Ебрахими дознал за напад врз студенти со цел да се задуши студентското движење во Иран. Тој вели дека одбил да учествува во операцијата и подоцна одржал говор на таа тема пред студенти. По десет дена Ебрахими бил уапсен од истите луѓе со кои работел и бил затворен во самица осум месеци. Откако бил ослободен тој добивал закани и на крај заминал од Иран во 2003 година. Нашиот соговорник вели дека не жали што ја основал Хезболах:

„Се надевам дека тие ќе застаната на страна на народот, пред да биде доцна, или може да се смират и да го прекинат насилството, пред исламската Република да стане премногу слаба – тогаш ќе биде доцна.“
XS
SM
MD
LG