Достапни линкови

Двојно поскапе цената на водата во Битола


Битола

Битола

Советот на општина Битола, донесе одлука цената на водата да поскапе за 115 отсто. Опозицијата и покрај обидите да спречи поскапување на цената, беше надгласана од мнозинството.

Битолчани ќе плаќаат двојно поскапа вода за пиење. Општинскиот совет по неколкучасовна жестока расправа и покрај опструкциите од страна на опозицијата, ја донесе одлуката водата да поскапе за 115%. Тоа значи дека наместо досегашните 14 денари за кубен метар, домаќинствата ќе плаќаат 30,5 денари. Поради рецесијата новата цена ќе се засметува во сметките за вода, од идната година. Советниците од опозицијата ги искористија сите советнички можности за да го спречат поскапувањето. Побараа одлагање на расправата, потоа да неможат да гласаат одреден број на советници заради конфликт на интереси, па да се распише референдум, но
На пример една текстилна фабрика во Битола која троши 40 илјади денари за вода, веќе од утре со промената ќе мора да плаќа 70 илјади денари
безуспешно, беа надгласани од мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партии. Еве ги нивните реакции:

,,Менаџерскиот тим во извештајот за работа предвидува повеќе од 30 милиони денари загуба, а повеќе од 46 милиони денари се ненаплатена реализација.“

,,На пример една текстилна фабрика во Битола која троши 40 илјади денари за вода, веќе од утре со промената ќе мора да плаќа 70 илјади денари.„

,,Зошто не се користат некои донации од ИПА фондовите или други проекти, за на некој начин да ја спасиме цената на водата за
Значи со идејата за поскапување на цената на водата, ние ќе одиме средства за реконструкција на водоводниот систем
пиење.“

Критикуваат советниците. Покачување на цената побара Битолски водовод кој стопанисува со водоводната мрежа во Битола. Директорот Зоран Илиевски објаснува дека е неопходно поскапување доколку се сака да се инвестира во водоводната мрежа стара 40 години.

,,Со оваа цена и со овие инвестиции кои што ги вложуваме во водоводниот систем, за брзо време ќе се соочиме со недостаток на вода. Водоводниот систем не е нешто што се решава преку ноќ, туку за него треба долгорочно да се размислува и да се вложува. Значи со идејата за поскапување на цената на водата, ние ќе одиме средства за реконструкција на водоводниот систем, а со тоа граѓаните, градот и општината ќе добијат мрежа на која ќе можат долгорочно да сметаат.“

Вели Илиевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG