Достапни линкови

САД и Индија потпишаа договор за воена соработка


САД и Индија потпишаа договор кој им дозволува на американски компании да им продаваат софистицирани оружја на индијските воени сили. Документот беше потпишан за време на официјалната посета на американскиот Државен секретар Хилари Клинтон во земјата. Договорот попознат како „краен мониторинг“ им дозволува на Соединетите Американски Држави да проверуваат како Индија го користи откупеното оружје, со цел да се спречи воена шпијунажа. Индијските власти планираат да потроши 30 милиони американски долари за обнова на воениот арсенал.
XS
SM
MD
LG