Достапни линкови

Нов случај со симптоми на свински грип во Скопје


На Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24 часа е хоспитализиран еден нов случај сомнителен за грип од типот А/Х1Н1. Како што информира Министерството за здравство, вчера еден пациент бил пуштен од Клиниката. Сега во институцијата се хоспитализирани 11 лица. Здравствената состојба на сите пациенти е стабилна и покажува знаци на подобрување. На Клиниката за инфективни болести досега болнички се лекувани вкупно 53 пациенти. Кај 14 од нив е потврден грипот од тип А, попознат како свински грип.
XS
SM
MD
LG