Достапни линкови

Македонските докази против Грција денеска во Хаг


Македонија денеска до Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе ги достави доказите за тужбата против Грција покрената за кршење на Привремената билатерална спогодба од 1995. Официјално Скопје смета дека Грција ја блокираше на македонската покана за НАТО на минатогодишниот Самит на Алијансата во Букурешт. Писмените аргументи во Хаг треба да ги предаде ко-застапникот на македонската тужба Никола Димитров. Според роковникот на Судот, по поднесувањето на македонските докази, на Грција ќе и биде оставен шестмесечен период за доставување на нејзините контра-аргументи.
Досегашната судска пракса покажува дека рочиштата би можеле да започнат кон средината на наредната година, а целата постапка да трае и неколку години. Од Меѓународниот суд на правдата се бара да и наложи на Грција да ги почитува своите обврски предвидени од привремената спогодба, која е правно обврзувачка за двете земји.
XS
SM
MD
LG