Достапни линкови

Поминаа 40 години од прошетката по Месечината


Америка денеска одбележува 40 години од кога, за прв пат, човечки екипаж прошета по Mесечината. По тој повод, американскиот претседател Барак Обама, во Белата Куќа, ќе ја прими екипата на Аполо 11. Екипажот кој пред 40 години стапна на Месечината, го сочинуваат Нил Амстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс . Астронаутот Олдрин , изјавил дека во иднина НАСА треба да се фокусира на нови цели како што е Марс, објаснувајќи дека на Марс постојат поповолни услови за живот отколку на Месечината.
XS
SM
MD
LG