Достапни линкови

Мавританија доби нов претседател


Поранешниот воен лидер на хунтите во Мавританија, Мохамед Улд Абдел Азиз, победил на претседателските избори во таа исламистичка земја, јавуваат странските агенции. Азиз освоил 52 осто од гласовите. Но опозиционите лидери не ги прифаќаат резултатите од изборите, со објаснување дека изборите биле наместени. Мохамед Азиз , некогашниот началник на генерал штабот и шеф на претседателската гарда, на чело на Мавританија дојде во август минатата година по пат на воен удар но без крвопролевање. Но потоа си поднесе оставка на воените должности за да може да се кандидира за претседател на Мавританија.

XS
SM
MD
LG