Достапни линкови

Израел одбил официјално барање на САД


Израел одбил официјално барање на САД за стопирање на изградбата на стамбен објект во Ерусалим. Проектот предвидува изградба на стамбена зграда во источниот дел на Ерусалим, дел од градот со мнозинско арапско население. Изралеските медиуми јавија дека САД испратиле официјално барање до изралескиот Амбасадор минатата недела за стопирање на изградбата. Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху го одби барањето. „Не можеме да ја прифатиме идеата дека евреите ќе немаат можност да купуваат станови било каде во Ерусалим“ изјави Нетанјаху.
XS
SM
MD
LG