Достапни линкови

Нови случаи на свински грип во Македонија


Најновите резултати од лабораторијата на Институтот за јавно здравје потврдија дека уште едно лице во Македонија е заразено со новиот грип од типот А/Х1Н1, попознат како свински грип. На Клиниката за инфективни болести во Скопје за време на викендот се хоспитализирани четири нови случаи сомнителни за грип од типот А Х1Н1. Сите новопримени пациенти биле на патување надвор од земјата.
XS
SM
MD
LG