Достапни линкови

Забрането пушење во угостителските објекти во Турција


Во Турција денеска започнува втората фаза од Законот за забрана на пушењето, со која се забранува палење цигари во сите угостителските објекти во земјата. Во првата фаза, којa стати на сила лани, пушењето беше забрането на работните места и во трговските центри. Во Турција има 22 милиона пушачи, односно пуши половина од машката популација во земјата. Некои сметаат дека забраната за пушење претставува атак на турската култура и традиција.
XS
SM
MD
LG