Достапни линкови

logo-print

Гејтс: САД мора да напредува во Авганистан


Американските вооружени сили мора да постигнат напредок во Авганистан со цел во јавноста да не се создаде мислење дека конфликтот е „нерешлив“, изјави американскиот Секретар за одбрана Роберт Гејтс. Според него, победата над талибанските милитанти е „долгорочен проект“ и затоа невозможно е САД да победи во војната по само една година. Сепак, американските сили мора да постигнат напредок во рок од една година, или Владата ќе ја изгуби подршката на јавноста, изјави Гејтс во интервју за „Лосанџелес Тајмс“.
XS
SM
MD
LG