Достапни линкови

Авганистан и Пакистан во борба против милитантите


Владини претставници на Авганистан и Пакистан денеска се заложија да соработуваат во борбата против милитантите во двете земји. Министерот за внатрешни работи на Авганистан Мохамед Аниф Атмар и неговиот пакистански колега Рехман Малик изјавија дека во минатото „имало грешки од двете страни“ во борбата против исламистичките милитанти. Двајцата министри се согласија да ги интензивираат патролите на границите и поактивно да соработуваат при апсењето на осомничените за тероризам.
XS
SM
MD
LG