Достапни линкови

logo-print

Петар Стојчев победи на Охридскиот пливачки маратон


Бугаринот Петар Стојчев е победник на овогодинешниот 23-ти Охридски пливачки маратон. Стојчев до неговиот осми триумф во Охрид стигна откако патеката „Климе Савин“ долга 30 километри ја исплива за 5 часа, 25 минути и 37 секунди. Второпласиран е германскиот маратонец Александар Студжински, додека трет низ целта мина аргентинецот Дамиан Блаум. Најдобро пласиран македонски пливач е Тони Стефановски, кој низ целта во Охрид мина седми по ред. Кај пливачките најуспешна беше италијанката Камила Фредиани, на која и требаа пет часа, 50 минути и 37 секунди за да ја исплива патеката од Свети Наум до Охрид.
XS
SM
MD
LG