Достапни линкови

Преговори меѓу лидерите на Азербејџан и Ерменија


Претседателите на Ерменија и Азербејџан денеска се сретнаа на преговори во Москва. Медијатор во преговорите беше рускиот Претседател Димитриј Медведев а тема на разговор беше статусот на регионот Нагорно – Карабакх. Разговорите меѓу Претседателот на Азербејџан Ихам Алиев и неговиот ерменски колега Серж Саркисан биле „многу конструктивни“ изјавил советник на рускиот Претседател Медведев за новинската агенција Интерфакс. Нагорно – Карабакх е регион со мнозинско ерменско население кој во деведесетите години се отцепи од Азербејџан. Кон почетокот на оваа недела азербејџанскиот Претседател Алиев изјави дека неговата земја е подготвена да обезбеди поголема автономија за регионот исклучувајки ја можноста за признавање независност на Нагорно – Карабакх.
XS
SM
MD
LG