Достапни линкови

Тирк: Словенија и Хрватска треба да ги продолжат преговорите


Словенечкиот претседател Данило Тирк оцени дека Словенија и Хрватска треба да ги продолжат преговорите за предлогот на Европската комисија за решавање на граничниот спор. „Во моментот сме во многу чувствителна фаза. Не само што имаме насобрани нерешени прашања туку и негативна атмосфера“ рече Тирк во интервју за љубљанскиот весник „Дневник“.Тој додаде дека и Љубљана и Загреб треба да се откажат од агресивниот и навредливиот говор.
XS
SM
MD
LG