Достапни линкови

logo-print

Тројца загинати во Авганистан


Тројца војници загинале во Авганистан денеска во напад на бомбаш самоубиец во провинцијата Забул во јужниот дел на земјата. Експлозијата настанала откако возило полно со експлозив се судрило со возилото на авганистанските војници. Ова е вотр напад во изминативе 24 часа. Вчера во експлозија на бомба во јужниот дел на земјата загинаа дванаесетмина, меѓу кои неколку деца и еден британски војник. Бомбашките напади во Авганистан се зачестуваат пред претседателските избори кои се одржуваат следниот месец.
XS
SM
MD
LG