Достапни линкови

Исланд поднел апликација за членство во ЕУ


Исланд денеска поднел апликација за членство во Европската Унија, соопшти претставник на министерството за надворешни работи на Исланд. Исландскиот амбасадор во Шведска се состанал со државниот секретар во Стокхолм и како на претставник на земјата претседавач со Европската Унија, му ја предал апликацијата за членство. За овој потег на Исланд веднаш била информирана Европската Комисија.
XS
SM
MD
LG