Достапни линкови

Австрија - Либерализација на визите и за Босна и Албанија


Австрискиот министер за внатрешни работи Марија Фектер ја поздрави препораката на Европската комисија за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, но смета дека било подобро да се почека решение во пакет. Неодамна ги прогласивме сите шест балкански држави за безбедни трети земји, а со тоа стана речиси невозможно граѓаните на тие држави да добијат азил во Австрија, изјави Фектер на маргините на состанокот на министри за внатрешни работи на ЕУ во Стокхолм. Таа смета дека отфрлањето на Босна и Херцеговина и Албанија од препораката не е вистински сигнал за стабилноста во овие држави.
XS
SM
MD
LG