Достапни линкови

ЕУ - нови членки во 2012


Исланд би можел да влезе во Европската Унија заедно со Хрватска, но во најдобар случај тоа би можело да се случи дури во 2012 година, пишува лондонски „Фајненшл Тајмс“, осврнувајќи се на одлуката на Парламентот во Рејкјавик да побара прием во Унијата. За другите кандидати од регионот, Хрватска, Македонија и Турција, Фајненшл тајмс оценува дека се соочуваат со пречки, потсетувајќи дека Словенија и Грција ги блокираат хрватските и македонските амбиции поради билатерални спорови, додека Анкара има сериозни проблеми од „неколку членки“ на ЕУ кои настојуваат таа да остане колку што е можно подалеку од Унијата.
XS
SM
MD
LG