Достапни линкови

Укинувањето на визите - приоритет за Шведска


Шведскиот министер за миграција и азил Тобијас Билстром изјави дека укинувањето на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора е приоритетно прашање и оти ќе се направи се, одлуката за визна либерализација да биде донесена во текот на есента. „Таквата одлука би претставувала конкретен начин, овие земји да се приближат чекор поблиску до Европската унија“, рече Билстром на неформалниот собир на европските министри за правда и внатрешни работи во Стокхолм.
XS
SM
MD
LG