Достапни линкови

Морничави убиства низ Македонија


Само пред десетина дена се случија три убиства во кои синовите си ги убиле татковците, кој со секира, кој со чекан, а кој со железна прачка. Според експертите причината најчесто е криза на личноста која не може да се справи со реалноста

Татко си го убил синот наркоман. Мајка убила новороденче зашто многу плачело,а свекрвата и помогнала да го прикрие злостортвото. Го застрелал својот помлад брат па се самоубил. Само пред десетина дена се случија три убиства во кои синовите си ги убиле
Тука се меша многу нејасно – јас треба да се мачам, и ќе завршам со тоа, ама и ти да не се мачиш ќе те однесам со себе
татковците, кој со секира, кој со чекан а кој со железна прачка. Ваквите наслови осамна во весниците годинава.Не изостанувааа ни насловите за семејно насилство. Само лани во Министерството за внатрешни работа се регистрирани повеќе од 600 случаи на семејно насилство. Причина за ваквите убиства најчесто е криза на личноста која не може да се справи со реалноста и не размислува за последиците - велат експертите.

„Тука се меша многу нејасно – јас треба да се мачам, и ќе завршам со тоа, ама и ти да не се мачиш ќе те однесам со себе,“

вели Психијатарот Витомир Мицев

Нарушеното психичко здравје, лошата социоекономска состојба,долгото трпење на одредено психичко или физичко насилство во семејството се дел од причините кои ги потикнуваат насилниците на убиство на своите најблиски велат психолозите и социолозите.Механизмот на контрола во средината во која живеат е ослабнат. Нарушени се и меѓучовечките односи во семејството.Но поголем проблем е што ваквите луќе се забележани дури кога ќе го извршат злостортвото - вели социологот Илија Ацески.

„Тие околу него се првите што тоа треба да го забележат и да го предупредат. Но, кога моралните норми слабеат, слабее улогата на соседството и на примарните групи, внатре во овие заедници, практично тие луѓе го прават тоа што го прават на таков начин.“

Но често се случува и жртвите на семејно насилство по долгогодишно малтретирање да се претворат во агресори.Бројот на жртви на семејно насилство годинава е зголемено во однос на лани.Но причина за тоа е што жртвите годинава помалку молчат за насилтвото.

„Молчењето не го решава проблемот, туку тој треба да се отвори, да се стави на маса, за да може да се решава,“

вели Дивна Змејковска од СОС советувалиштето за жртви на семејно насилство.

Експертите што се занимаваат со ваквите проблеми иако не предвидуваат црно сценарио, сепак очекуваат бројот на насилство од било каков вид набрзо да се зголеми.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG