Достапни линкови

Протест на грчките земјоделци


Илјадници производители на праски од Грција денеска со трактори и друга механизација ги блокираа сите магистрални патишта што водат кон Солун, соопшти грчката полиција. Како што јавија грчките медиуми, многу возачи биле принудени да ги користат заобиконите локални патишта за да стигнат до своите одредишта. Производителите на праски бараат финансиска помош од државата, поради намалените откупни цени и помалиот откуп на овојше од страна на конзервната индустрија. Грчката Влада досега не реагираше на барањата на земјоделците
XS
SM
MD
LG