Достапни линкови

logo-print

Македонските ватерполисти на СП во Италија


Распоредот на СП во ватарполо

Распоредот на СП во ватарполо

Од 17-ти јули до 2-ри август во Рим се одржува СП во ватерполо на кое ќе учествува и македонската ватерполо репрезентација. Според стручниот штаб, најзначаен меч за приредување пријатно изненадување на првенството е дуелот со Романија

Македонското ватерполо е пред најголемиот настан во својата историја. Од 17 - ти јули до 2-ри август, Македонија за прв пат ќе биде дел од СП, овој пат во Рим, каде што ќе се натпреваруваат 16 - те најдобри селекции на планетата, поделени во 4 групи. Ние сме во
Атмосферата е добра, како што и секогаш била. Тоа, покрај квалитетот, е нашиот најголем адут. Од друга страна пак, хендикеп ни е доцното собирање на тимот, за разлика од нашите противници. Тие работат од јануари, а ние само две недели. Сепак, тоа не не демотивира, а во прилог за да направиме изненадување, ни оди тоа што не не сфаќаат сериозно
онаа со домаќинот Италија, олимпискиот вицешампион САД и Романија. Силна конкуренција, во која посакуваме една победа за трето место и влез во четвртфиналето. За таков успех, општ е впечатокот, најблиску сме во првиот дуел со Романија, која ја совладавме на ланското ЕП во Малага, каде што го освоивме осмото место. Тоа ни влева надеж дека нешто слично може да се случи и сега, за што, според селекторот Стефан Нонковиќ, најголем адут ни е позитивната атмосфера во националниот тим

„Атмосферата е добра, како што и секогаш била. Тоа, покрај квалитетот, е нашиот најголем адут. Од друга страна пак, хендикеп ни е доцното собирање на тимот, за разлика од нашите противници. Тие работат од јануари, а ние само две недели. Сепак, тоа не не демотивира, а во прилог за да направиме изненадување, ни оди тоа што не не сфаќаат сериозно. Затоа добро е што прво играме со Романија. Ќе се обидеме да ги фатиме на свежина и се надевам дека ќе се претставиме во најдобро светло,“

изјави Нонковиќ, кој единствената можност за воигрување на тимот, покрај на тренинзите, ја имаше на тест мечот со Велика Британија. Репрезентација која требаше да го глуми противникот кон кој, според еден од главните адути, Душан Крстиќ, се насочени сите мисли.

„Мечот против Романија ни е најзначаен и токму за него тактички се подготвуваме. Ги победивме лани, но тогашниот состав се разликува од актуелниот, кој имаше многу тест средби. Тоа му носи предност, но и не мора ништо да значи, бидејќи романците не се пошколувани играчи од нас. Затоа сум убеден дека можеме да ги победиме, а потоа, зошто да не направиме и поголемо изненадување во дуелите со САД и Италија,“

рече Крстиќ, според кого целта е пред се на најдобар можен начин да се претстави Македонија на врвната сцена.“

Тоа е желба и на кормиларот, кој на дополнителното прашање каков пласман посакува, одговори:

„Кога би го повториле резултатот на ракометарите од СП, односно да бидеме до 12 - тото место, тоа би бил огромен успех за македонскиот спорт воопшто. Затоа посакувам да сме меѓу 12-те најдобри, а ако се искачиме за некое скалило погоре, тогаш уште подобро,“

заврши Стефан Нонковиќ, наследникот во селекторската фотелја на Љубиша Мечкиќ, кому лани во Малага му беше помошник.
XS
SM
MD
LG