Достапни линкови

Потребна ли е лидерска средба?


Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц

Опозицијата сака да го чуе ставот на премиерот околу новите идеи на медијаторот Метју Нимиц и ветува конструктивност. Власта пак вели дека лидерска средба ќе има кога ќа има конкретни идеи на маса. Политиколозите со став дека и новиот пакет идеи на Нимиц се доволна основа за лидерска средба

Консултации меѓу власта и опозицијата околу прашањето на името по посетата на Нимиц а пред произнесувањето од наша страна на сетот предлози кои медијаторот ги донесе со себе, се неопходни, се на мислење дел од македонските експерти поради важноста на
Пред се власта треба да биде конструктивна. Власта е таа што треба да ја запознае опозицијата со предлогот конкретно.
прашањето и неопходниот консензус кој ваквото прашање го бара.

„Пред се власта треба да биде конструктивна. Власта е таа што треба да ја запознае опозицијата со предлогот конкретно. И повторно таа лидерска средба да има координација, да ги усогласат ставовите. Само тогаш може да се покаже конструктивноста. Во овој сегмент, во овој момент само може да претпоставуваме дали опозицијата е конструктивна или не, затоа што формално предлогот не е доставен до нив за тие да се изјаснат,“

Вели политикологот Владимир Мисев. Дури по една лидерска средба би можеле да процениме дали опозицијата е конструктивна или не, додава Мисев.

Средба на медијаторот Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски
Формата во која опозицијата побара консултации околу прашањето на предлозите за решавање на спорот за името веднаш по посетата на медијаторот Нимиц, беше лидерска средба откако претходно ја одби средбата на лидерот на СДСМ со преговарачот Јолевски. Од
Се работи за тоа дека во момент кога премиерот ќе истапи да каже свој став околу името, без разлика кој е предлогот итн, ние апсолутно ќе бидеме конструктивни
опозицијата не може да се очекува да биде поактивна по ова прашање бидејќи целосниот легитимитет за решавање на ова прашање даден од народот го има владата, вели Гордан Георгиев од СДСМ. Освен тоа , од опозицијата порачуваат и дека ќе бидат крајно конструктивно но во моментот кога владата ќе ги информира нив и целата македонска јавност околу предлозите и нејзините можни позиции по нив.

„Не се работи за пасивност. Се работи за тоа дека во момент кога премиерот ќе истапи да каже свој став околу името, без разлика кој е предлогот итн, ние апсолутно ќе бидеме конструктивни.“

вели Георгиев. Власта на барањето на опозцијата за лидерска средба рече дека таа ќе биде закажана во моментот кога ќе имало конкретни предлози на маса од медијаторот Нимиц.

Политикологот Мисев вели дека овој пакет на идеи со кои дојде Нимиц во Македонија е доволно конкрретна основа за консултации меѓу партиите и додава дека власта мора да го знае лимитот на опозицијата која е во состојба да биде потолерантна кон предлозите и во таа насока да се координираат меѓу себе. Медијаторот Нимиц порача дека до крајот на август сака да ги чуе одговорите на двете страни околу последниот пакет предлози.
XS
SM
MD
LG