Достапни линкови

logo-print

Британски и грчки полицајци заедно против пијаните британски туристи


Грчката и британската полиција, вчера, ги соопштија плановите заеднички да работат на напорите за наметнување ограничувања, за пијаните британски туристи, кои секоја година предизвикуваат хаос по грчките летувалишта, пренесоа агенциите. Милиони Британци секоја година ја посетуваат Грција, а многу од нив се млади луѓе, кои за прв пат патуваат во странство без родителите, забележуваат агенциите.
Во последниве неколку години се зголеми бројот на Британци, кои имале проблеми со законот во Грција, а се зголеми и бројот на жртвите на криминал, вклучувајќи и насилство.
XS
SM
MD
LG