Достапни линкови

Еден човек загина, а осуммина се исчезнати, во поплавите во Турција


Еден човек загина, а осуммина се водат како исчезнати, во поплавите во североисточна Турција предизвикани од обилните дождови, соопштија властите. Повеќето од исчезнатите, според агенциите, се земјоделци кои ги продавале своите призводи на пазарот во Савсат. Во последниве два дена, најголемиот дел од територијата на Турција се најде на удар на обилните дождови.
XS
SM
MD
LG