Достапни линкови

logo-print

Земјоделците незадоволни од своите претставници


Средба на министерот за земјоделство Љупчо Димовски со претставниците на Сојузот на земјоделци и Федерацијата на фармерите

Средба на министерот за земјоделство Љупчо Димовски со претставниците на Сојузот на земјоделци и Федерацијата на фармерите

Земјоделците и фармерите се незадоволни од работата на Сојузот на земјоделци и Федреацијата на фармерите. За своите претставници велат дека се продолжена рака на власта и дека не ги заштитуваат нивните права. Дел од земјоделците и фармерите јавно се откажаа од сојузот и од федерацијата како претставници на земјоделците, затоа што не ги подржаа нивните барања, ниту за проблемите со млекото
Федерацијата ја заштитува интересите на владата и работи во закрила на владата, а не во закрила на сточарите. Ние кога и да тропнеме на вратите од институциите, федерацијата се оградуваше, тие јавно кажаа дека се оградуваат со Вељо Тантаров
ниту за проблемите со откупот на јачменот и пченицата.Сточарите од Битолскиот регион сметаат дека федерацијата на фармери ,до сега, само ги игнорирала и ниту еднаш не им помогнала.

„Федерацијата ја заштитува интересите на владата и работи во закрила на владата, а не во закрила на сточарите. Ние кога и да тропнеме на вратите од институциите, федерацијата се оградуваше, тие јавно кажаа дека се оградуваат со Вељо Тантаров,“

вели Гоце Кантаровски млекопроизводител од Могила Битолско.Со сличен став се и земјоделците во Велес, кои пред неколку дена штрајкуваа поради ниската откупна цена на јачменот и пченицата,. Велешките земјоделци велат дека сојузот не може да каже колку и што им треба на земјоделците затоа што не знае. За нивниот проблем, претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров, на средбата со новиот министер за земјоделство изјави дека нема потреба од протести.

„Ние не ги осудивме протестите. Протести може да се прават во секое време, меѓутоа сметаме дека не беше добро, кога ние веќе преговараме со премиерот, вице премиерот, со министерот, да се прават протести. Протести се прават ако не можеме да обезбедиме разговори со владата и посебно во ова тешко време за Македонија и светот, со економската криза, ние не би требало да правиме протести. Или ќе разговараме на ваков начин и ќе ги бараме своите права.“

Земјоделците од Велес велат декане се задоволни од преговорите, затоа што траат со месеци , тие се во загуба а решение до сега не нашле.

„Преговорите може да бидат една година. Нема никаков ефект. Значи, ако нема протести, џабе преговори, џабе е се.“

вели претседателот на регионалниот сојуз на земјоделцитеод Велес, Зоран Ивковиќ.

Новиот Министер за земјоделство , Љупчо Димовски вели дека се зепознал со сите проблеми на земјоделците. Новиот министер излезе со старото ветувањеа, дека Владата е во фаза на донесување на решение кое ќе ги задоволи и мелничарите и производителите на пченица.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG