Достапни линкови

logo-print

Предлогот за визна либерализација може да создаде етнички тензии ?


Предлогот на Европската Комисија за визна либерализација за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора предизвика реакции во Брисел. Академици, експерти и членови на партијата на зелените го критикуваат потегот на Комисијата, тврдејки дека неставањето на Албанија и Босна и Херцеговина на белата шенген листа може да предизвика етнички тензии во регионот. Дел од евродипломатите стравуваат дека предлогот може да придонесе кон создавање на „две класи на граѓани“ на Балканот. Во изјава за медиумите академците, „зелените“ и поранешниот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шварц Шилинг посочија дека Босанските срби ќе имаат можност да патуваат во европските земји без визи со српски пасоши.
XS
SM
MD
LG