Достапни линкови

Инвестиции во земјоделството


Прилеп - земјоделство

Прилеп - земјоделство

Групата на осум најразвиени осум индустриски држави ќе инвестира 12 милијарди долари за развој на земјоделството во најсиромашните држави. Македонските експерти препорачуваат продолжување на инвестициите во земјоделството за задржување на конкурентноста

Групата на осум најразвиени индустриски држави ќе инвестира во развој на земјоделството во најсиромашните земји. Во наредните три години тие ќе дадат дванаесет милијарди долари, за да им овозможат на овие земји сами да произведуваат храна. Македонија не е на нивната листа. Земјоделците кај нас ќе чекаат на парите од владата и од европските фондови. Професорот Илија Каров вели дека
Мора да се продолжи со инвестирањето во земјоделството. Земјоделците немаат економска моќ да вложуваат во мерки за производство, а тоа значи дека ако земјоделецот не вложува, од година во година ќе има помало производство, со послаб квалитет и тоа тешко ќе се продаде
ове ќе влијае на конкурентноста на светскиот пазар и владата треба уште повеќе да се фокусира на подршка на нашето земјоделство.

„Мора да се продолжи со инвестирањето во земјоделството. Земјоделците немаат економска моќ да вложуваат во мерки за производство, а тоа значи дека ако земјоделецот не вложува, од година во година ќе има помало производство, со послаб квалитет и тоа тешко ќе се продаде.“

Во сојузот на земјоделци се надеваат дека со парите што ги очекуваат од државата и од фондовите на Еу ќе успеат да станат поконкурентни на странските пазари. Но власта треба да ја следи ситуацијата и во другите земји и ако треба да ја зголеми помошта вели Вељо Тантаров од сојузот.

„Ние се надеваме дека нашата влада будно ќе ги следи состојбите во светскиот аграр. Со оглед на тоа што Г-8 вети пари, се надеваме дека ветените сто милиони сигурно ќе бидат зголемени за да може да одговориме на предизвиците што доаѓаат однадвор.“

Но, не е доволно Владата само со пари да им помага на земјоделците. Таа треба да изнајде начин и како тие да го пласираат својот производ на странските пазари вели Каров.

„Во иднина, покрај стимулациите, владата мора да изнајде сегменти, начини во наоѓање нови пазари. Мораме ние сега да се појавиме со овие инвестиции, нашето земјоделство ќе биде квалитетно. Во спротивно, инвестициите, такви какви што се сега, ќе имаме произодство, ќе се јави хипер продукција, ќе немаме пазар. Значи, македонскиот пазар ќе се задоволи брзо и ќе остане со пониска цена.“
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG