Достапни линкови

Шест нови сомнителни случаи на грип од типот А во Скопје


На Клиниката за инфективни болести во Скопје во текот на последните 24 часа се регистрирани шест нови случаи сомнителни на новиот грип од типот А (Х1Н1). Како што соопшти Министерството за здравство, тројца од новопримените пациенти биле на патување во Англија, еден пациент е дојден од Австралија, додека друг бил на неколкудневен престој во Србија. Едниот од пациентите, по потекло од Германија, престојувал во земјава кога ги добил првите симптоми на грип. Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 10 пациенти
XS
SM
MD
LG