Достапни линкови

Солана изрази надеж дека Македонија ќе добие добри вести од Брисел


Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана изрази надеж дека Македонија ќе се најде на белата шенген листа. „Се надевам дека ќе добиете добри вести во следниве неколку дена. Визната либерализација е многу важно прашање за народсот, посебно за младите луѓе“ рече Солана на прес конференција по средбата со Премиерот Никола Груевски. Говорејки за напредокот во преговорите за името со соседна Грција, високиот претставник на ЕУ рече дека генерално е задоволен од насоката во која се движи земјата, додавајки дека се уште нема конкретен датум за старт на преговори за членство на Македонија во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG