Достапни линкови

Зголемен ризик од грип?


Заштитни мерки од новиот грип на аеродром
Заштитни мерки од новиот грип на аеродром

Патувањата во странство во текот на летните одмори може да го зголемат ризикот од новиот тип грип. Според надлежните, важно е секој да ја следи својата состојба седум дена по враќањето од одмор

Патувањата во странство за време на летните одмори можат да придонесат за зголемување на заболени од новиот тип на висус А(Х1Н1), велат од Министерството за здраство. И во Македонија како и во соседството бројот на заболени секојдневно се зголемува. Според последните податоци од Министерството за здраство, во Македонија има пет регистрирани заболени од новот грип и неколку
Границите се отворени, не се затвараат. И тоа што е на граница, не може да помогне, затоа што некој ќе влезе во фаза на инкубација, ќе биде здрав. Најбитно е секој сам да си ја следи состојбата, седум дена откако ќе се врати
сомнителни случаи за кои сеуште се чекаат резултатите.
Вакцина против грипот не постои , постојат само секојдневни мерки за превенција од ширење на вирусот , велат од министерството за здраство. Од таму објаснуваат дека не може да се избегнуваат плажите, дискотеките или местата каде има повеќе луѓе, но зато туристите треба да бидат внимателни и да го избегнуваат контактот со заразени луѓе.

„Границите се отворени, не се затвараат. И тоа што е на граница, не може да помогне, затоа што некој ќе влезе во фаза на инкубација, ќе биде здрав. Најбитно е секој сам да си ја следи состојбата, седум дена откако ќе се врати,“

вели Д-р Јованка Костовска, од комисијата за заразни болести.

Во соседните земји каде има познати туристички места , има и по стотина заразени од новиот вирус. Грција прогласни пандемија од 6-ти степен. Но и покрај тоа граѓаните не се плашат .

„Размислуваме сеуште, меѓу Грција, Хрватска и Египет.“
„Многу луѓе годинава можеби и поради стравот од грип ќе се откажат.“
„Секогаш има шанса нешто да се случи.“

И од туристичките агенциите потврдуваат дека заинтересираноста на луѓето за посета на летувалиштата не опаѓа и покрај зголемениот број на заболени од грипот.

„Не велам дека нема индивидуални случаи, да речеме еден патник во многу, да се јави да праша каква е ситуацијата во дадена земја, но ако го гледате статистички тоа се само неколку патници кои се јавиле во текот на ова лето,“

вели Ана Богоевска од една скопска туристичка агенција.

Во случај на пандемија и Дирекцијата за заштита и спасување е спремна да помогне на властите. Тие обучуваат персонал и припремаат возила за да бидат испомош на здраствените работници
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG