Достапни линкови

Инвеститорите „заглавени“ во бирократски лавиринти


Отворање на грчка фабрика во Прилеп
Отворање на грчка фабрика во Прилеп

Нерешените имотно правни односи ги кочат странските инвеститори да почнат со работа во Македонија. Проектот Аква Пура чека уште три документи, кои Министерствата ги ветуваат, но не ги реализираат со години

Нерешените имотно правни односи ги кочат странските инвеститори да започнат со работа во нашава земја. Со години тие тапкаат во место и неможат да започнат да градат поради надлежните државни институции и министерствата, кои треба да го решат проблемот
Три години, таа одисеја трае, фалат уште три документи, од кои едниот е ветен во Министерството за земјоделство пред седум месеци, а не е направен. Другиот, во Министерство за транспорт и врски е ветен пред година и пол, а не е направен. Третиот е ветен во капетанија во Охрид. Нема грижа. Мора да има меѓувладино тело што ќе се грижи за инвеститорите. Тоа меѓувладино тело, мора да дејствува заеднички
со нивното земјиште. Странската компанија Аква Пура сака да изгради коплекс на вили, хотели и спа центри покрај Преспанското езеро. Но веќе три години тие неможат да ги соберат потребните документи, за да го реализираат својот проект вели дипломатскиот претставник на оваа фирма во земјава Јордан Плевнеш.

„Три години, таа одисеја трае, фалат уште три документи, од кои едниот е ветен во Министерството за земјоделство пред седум месеци, а не е направен. Другиот, во Министерство за транспорт и врски е ветен пред година и пол, а не е направен. Третиот е ветен во капетанија во Охрид. Нема грижа. Мора да има меѓувладино тело што ќе се грижи за инвеститорите. Тоа меѓувладино тело, мора да дејствува заеднички.“

Основниот проблем е комуникацијата со локалната самоуправа и имотно правните односи. Фимите за да не се најдат во ваква ситуација треба пред да започнат со проект во земјава да се информираат за проблемите, кои може да настанат со посакуваната локација вели Златко Калеников од Сојузот на стопански комори.

„Се работи за тоа што повеќе фактори се инволвирани во целиот процес. Грешките се во стартот, од брзање, дека таа локација треба да биде таа локација, дали од агенти и посредници, дали од инвеститори итн, но сепак треба да им се излезе во пресрет.“

Излезот според Калеников е странските фирми да гледаат да инвестираат и да градат во економски зони, каде ваквите проблеми нема.

„Излез гледам во проекти како Бунарџик, каде што странските и домашните инвестиции ќе бидат лоцирани на едно место.“

Уште еден ваков случај е и фирмата Меркатор, која исто така е заглавена во бирократски процедури и неможе да ја оствари својата инвестиција, односно да започне со изградбата на трговски центар во Скопје.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG