Достапни линкови

logo-print

Сотомајор - голем чекор за малцинствата во САД


Судијката Соња Сотомајор

Судијката Соња Сотомајор

На номинацијата на Соња Сотомајор за судијка во американскиот Врховен суд од страна на Претседателот Барак Обама се гледа како на уште еден милениумски чекор за малцинствата во Соединетите Држави. Во Сенатот започна распит за потврдување на Соња Сотомајор на местото судија во 9 - члениот Врховен суд на САД. Доколку биде потврдена, 55-годишната њујорчанка ќе биде прв судија од латино-американско потекло во Врховниот суд и трета жена која служела во него. Таа потекнува од сиромашно семејство од Порто Рико и сега е номинација на Претседателот Барак Обама. И покрај противењето на Републиканците по се изгледа дека таа лесно ке добие одобрување за да стане судија на Врховниот Суд. Демократскитот сенатор Дијана Фејнштајн го пофали искуството и репутацијата на Сотомајор.

,,Јас верувам дека таа е добра и интелигентна жена. Верувам дека е добро образована и искусна со 17 годишното искуство во Федералниот суд. Верувам дека нејзината филозофија ке ја донесе во највисокиот суд и дека ке ја засили позицијата на оваа институција,,.
Верувам дека нејзината филозофија ќе ја донесе во Врховниот Суд и ќе ја засили позицијата на оваа највисока институција...

Републиканците пак се загрижени дека нејзиното искуство како латиноамериканка ќе влијае врз нејзините одлуки, наместо да биде непристрасна. Републиканскиот Сенатор Чарлс Гресли во Комитетот изјави.

,,Ние сакаме да сме апсолутно сигурни дека номинираната целосно ке ги интерпретира законите и Уставот без предрасуди. Тоа е најкрититичната квалификација за Врховниот Суд - да се има капацитет да се остават сопствените чувства настрана со цел тој или таа да можат слепо и без чуства да администрираат еднаква правда за сите,,.

Сотомајор од своја страна изјави дека ќе го следи законот во секој судски случај. Нејзиното лично и професионално искуство и помагаат да слушне и да разбере за што станува збор, но законот е тој што го диктира резултатот во секој судски случај.
,,Задача на судијата не е да прави закони туку да го применува правото,,.

Во Сенатот и следите денови продолжува сослушувањето за номинацијата на Соња Сотомајор за судија на Врховниот суд.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG