Достапни линкови

Лихтенштајн ќе ја признае Чешка, 17 години по распадот на Чехословачка


Лихтенштајн ќе ја признае Чешка, 17 години по распадот на Чехословачка, соопшти шефот на чешката дипломатија Јан Кохут. Со тоа, Чешка ќе биде признаена и од последната држава која тоа го одбиваше. Лихтенштајн не и поставува на Чешка никакви услови, нагласи чешкиот премиер Јан Фишер. Главната причина, зашто кнежевството Лихтенштајн, до сега, одбиваше да ја признае Чешка е од имотна природа. Владејачката династија на Лихтенштајн бараше од Чешка да и се врати имотот во Јужна Моравија, конфискуван по Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG