Достапни линкови

Грузија и Русија продолжуваат со разговорите за безбедност на Кавказот


Властите на Грузија и на Русија продолжуваат со разговорите за безбедносната состојба заради избегнување на понатамошните конфликти во турбулентниот кавкаски регион. Денешната средба во Гали, во Абхазија, доаѓа еден ден, откако рускиот претседател Дмитриј Медведев изненадно ја посети Јужна Осетија, каде што беше пречекан со овации. Русија и Грузија, лани, краткотрајно војуваа за контрола над Јужна Осетија. И покрај противењето од западните држави, Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија како независни држави.
XS
SM
MD
LG