Достапни линкови

Медведев во официјална посета на Јужна Осетија


Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска е во официјална посета на Јужна Осетија каде се сретна со Претседателот Едуард Кокоити. Руските новински агенции ја пренесуваат изјавата на Медведев кој повикал на зајакнување на безбедносната соработка меѓу двете земји. Рускиот претседател исто така посочил дека можна е соработка на проекти за „економска и социјална обнова на земјата“. Јужна Осетија и Абхазија прогласија независност од Русија по кратката руско – грузиска војна во 2008 година. Официјална Москва ја призна независноста на двата региони.
XS
SM
MD
LG