Достапни линкови

Студентите недоволно подготвени за работа


Студенти
Студенти

Студентите или штотуку дипломираните имаат проблем при барањето на работа. Тие се жалат дека на универзитетите недостасува практична работа.

Студентите или штотуку дипломираните имаат проблем при барањето на работа. За нив сеуште доминантен е системот на барање работа преку роднини и пријатели или популарно речено преку врски. Голем дел од нив велат дека незнаат како да си напишат мотивационо писмо и кратка биографија за да аплицираат за одредено работно место. Затоа во последно време се појавија Портали за
Студентите кои излегуваат од универзитетите во однос на вештините кои ги имаат не се доволни за тоа што го бара пазарот. Ние направивме некои истражувања со странски консултатни и се дојде до заклучок дека тој јаз постои
кариера, проекти за конкурентност, центрите за доедукација кои им помагаат на младите полесно да се снјдат на пазарот на трудот. Дел од младите се жалат на тоа што после завршување на факултетот немаат многу практично знаење за областа што ја изучувале.

„Па, воопшто мојот факултет на почетокот бара поголемо квалификување, во смисла дека не можам веднаш да се вработам.“
„Конкреатно во мојот случај само пракса може да ми помогне, зависи од струката.“

Пред неколку месеци УСАИД започна проектот за конкуретност . Овој проект има за цел да се намали намали јазот помеѓу понудата на работна сила и корисниците на тие таленти, објаснува Лидија Дамчевска од УСАИД.

„Студентите кои излегуваат од универзитетите во однос на вештините кои ги имаат не се доволни за тоа што го бара пазарот. Ние направивме некои истражувања со странски консултатни и се дојде до заклучок дека тој јаз постои.“

Потребата од повеќе практична работа ја согледуваат и од Министерството за образование.

„Во текот на целото студирање обезбедуваме студентите да бидат во контакт со бизнис заедницата и тие да се прилагодуваат кон потребите на пазарот, значи се оди на доживотно учење.“

вели Борче Ангелов од секторот за високо образование.

Од близу 350 илјади невработени во Македонија , дури 50 проценти се млади луѓе. Европската комисија во својот последен извештај, изрази загриженост за сосотојбите со невработеноста во Македонија. Зголемување на вработеноста, особено кај младите, е еден од осумте поставени критериуми на Европската комисија за добивање старт на преговори.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG