Достапни линкови

Потребно кратење на буџетските трошоци


Стариот и новиот министер за финансии Трајко Славевски и Зоран Ставревски
Стариот и новиот министер за финансии Трајко Славевски и Зоран Ставревски

Експертите се согласуваат дека е потребно час поскоро да се направи ребаланс на буџетот и кратење на трошоците, затоа што приходите се намалени и ќе се намалуваат. Тие очекуваат пад на економијата до крајот на годината.

Ребалансот на буџетот не е ништо страшно па дури е и неопходно во сегашниве услови на економијата во земјава, коментираат експертите откако на оваа тема се изврши примопримопредавањето на челната функција во минстерството за финансии. Новиот
Ребаланс ќе биде потребен за да се скусат трошоците, затоа што приходите се намалени и ќе се намалуваат. Очекуваме во наредниот период уште повеќе да се намалуваат
министер за финансии, Зоран Ставревски преземајќи ја функцијата најави дека ќе ја преиспита состојбата во буџетот и оправданоста на барањето на неговиот претходник за ребаланс. Професорот Мирољуб Шукаров е на мислење дека реабаланс на буџетот ќе треба да се направи час поскоро.

„Ребаланс ќе биде потребен за да се скусат трошоците, затоа што приходите се намалени и ќе се намалуваат. Очекуваме во наредниот период уште повеќе да се намалуваат.“

Недоволната побарувачка е синоним на почеток на рецесијата, вели професорот Зоран Ивановски според кого суштинско прашање е посветеноста на расходите кои значат раздвижување на економијата како можност да се надмине рецесијата.

„Тоа значи дека расходите кои се планираат да се намалат, секако дека не би смееле да влезат во капиталните расходи.“

Доколку се затегне ременот во делот на непродуктивните расходи што би ги опфатило разните презентации , патувања , опремувања и слично, за професорот Ивановски не е неостварлива ниту позитивната стапка на економски раст до крајот на годинава која ја најави новиот вицепремиер за економија, Владимир Пешевски.

„И покрај тоа што се одморите, Македонија генерира поголем обем на производи и услуги во овој период. Значи, може да се очекува раст на БДП во овој период, тоа е моја проценка, а од состојбите на светскиот пазар ќе зависи состојбата во индустријата.“

Професорот Шукаров од своја страна ги смета најавите на владата за економски раст кон крајот на годината за премногу оптимистични и ризични.

„Наредниот квартал сигурно ќе биде негативен, не само затоа што економијата оди надолу, туку и затоа што имавме висок раст минатата година. Значи, економијата ќе ја завршиме со длабок минус, некаде околу 1,5 до 2 отсто.“

Екс министерот за финансии, Трајко Склавевски на заминување од својата функција предупреди дека даночните приливи се намалени за 12 проценти како и тоа дека буџетот треба итно да се скрати за 100 милиони евра. Ребаланс на буџетот треба да се направи веднаш, во септември веќе ќе биде предоцна, изјави Славевски.
XS
SM
MD
LG