Достапни линкови

1000 автомобили изгореа во пожар во Рим


Околу 1000 автомобили изгореле, вчера, во пожар во Рим, соопшти синоќа противпожарната служба која информираше и дека пожарот избил во едно складиште за автомобили. Италијанската агенција АНСА соопшти дека во складиштето, на простор од околу 10 000 квадратни метри, биле сместени стари автомобили и автомобили кои ги запленила полицијата. Причината за пожарот не е соопштена.
XS
SM
MD
LG