Достапни линкови

Договор за изградба на Набуко


Во Анкара денеска биде потпишана спогодбата меѓу петте земји, учеснички во проектот за изградба на гасоводот „Набуко“.
Претставници на Бугарија, Романија, Австрија, Унгарија и Турција треба да ја потпишат спогодбата.
Специјалниот пратеник на САД за енергетските прашања во Евроазија Ричард Морнингстар, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за енергетика Андрис Пиебалгс ќе присуствуваат на потпишувањето.
Проектот „Набуко“ предвидува да се изгради гасовод за пренос на природен гас од Централна Азија кон ЕУ, преку Турција и југоисточна Европа. Обемот на пренесениот гас се предвидува да изнесува 31 милијарда кубни метри годишно.
XS
SM
MD
LG