Достапни линкови

Рупел: Можни инциденти меѓу Хрватска и Словенија


Сегашните напнати односи меѓу Словенија и Хрватска можат да доведат и до инциденти, изјави поранешниот шеф на словенечката дипломатија Дмитриј Рупел. „Односите со Хрватска се лоши и никој не знае како да ги поправи и како да бидат обновени хрватските преговори за членство во Европската унија“ изјави Рупел за неделникот „Демокрација“. „На преговарачката маса нема никој. Сметам дека колегите во ЕУ подобро ги разбираат хрватските аргументи, отколку словенечките. Загрижен сум и од односите меѓу обичните луѓе од двете страни, кои се исполнети со стереотипи и тензии. Таа спирала од недоразбирања и недоверба треба да биде запрена“ рече поранешниот словенечки министер.
XS
SM
MD
LG