Достапни линкови

Белорусија со 4:1 ја победи Македонија во Дејвис купот


Со конечен резултат 4:1 заврши дуелот од Дејвис купот од Првата евроафриканска зона меѓу Белорусија и Македонија што изминативе три дена се играше во Минск. Во последниот меч кој немаше значење околу тоа која селекција го обезбедува опстанокот Андреј Василевски со 6:4 и 6:2 го совлада Илија Мартиноски, кој доби шанса да игра на местото на Лазар Магдинчев. Белорусија и следната година ќе игра во овој ранг, додека за Македонија останува уште еден дуел оваа сезона и тоа против Словачка на нивни терен од 18 до 20 септември. Во првиот меч оваа година Македонија загуби со 5:0 од Јужна Африка.
XS
SM
MD
LG