Достапни линкови

Турција се откажа од побарувачката на гас од Набуко


Турскиот министер за енергетика Танер Јидлиц изјави дека Турција се откажа од побарувачката на 15 насто од гасот кој ќе се пренесува преку гасоводот Набуко, кој треба да ја снабдува Европа со гас преку Каспиското Море. Барањето на Турција да добива 15 отсто од гасот кој ќе се пренесува преку гасоводот беше една од главните пречки за изградба на системот. Во интервју за новинската агенција Ројтерс, министерот Јидлиц не прецизираше колку гас неговата земја ќе добива од Набуко. Транзитните спогодби за гасооводот Набуко, проект поддржан од ЕУ и САД, се очекува да се потпишат во понеделник во Анкара, а потписите ќе ги стават претставници на Турција, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија.
XS
SM
MD
LG