Достапни линкови

Обама: борбата против талибанците е успешна


Американскиот Претседател Барак Обама изјави дека американските вооружени сили успешно се борат против талибанските милитанти во јужниот дел на Авганистан, но додаде дека потребни се дополнителни напори за постигнување успех. Обама рече дека неговата администрација е свесна оти летово ќе има силни судири со талибанците, додавајки дека милитантите се „потиснати“ од нападите на американските и британските воени сили во провинцијата Хелманд во јужниот дел на Авганистан.
XS
SM
MD
LG