Достапни линкови

Пакистан ќе ги казни виновниците за терористичкиот напад во Индија ?


Министерот за внатрешни работи на Пакистан Ренман Малик изјави дека „најверојатно“ идната недела ќе почне судскиот процес против четворицата обвинети за терористички напад во Мумбаи, Индија. „Сигурни сме дека врз основа на доказите кои нашите истражувачи ги собраа ќе можеме да ги казниме виновниците“ изјави Малик на денешната прес конференција во Исламбад. Инаку односите меѓу Пакистан и Индија се влошија по терористичкиот напад во Мумбаи за кој индијските власти ја обвинија пакистанската терористичка група Лашкар е Талиба.
XS
SM
MD
LG