Достапни линкови

logo-print

Уапсен екс - министер во Таџикистан


Таџикистамските новински агенции објавија дека поранешен лидер на бунтовничка група и екс-министер во земјата денеска бил уапсен. Повикувајки се на извори од Министерството за внатрешни работи, медиумите соопштија дека Мирзо Зиојев бил уапсен под сомнение за инволвираност во напад во близина на авганистанската граница. Зиојев беше лидер на бунтовниците кои се бореа против владата на Таџикистан во 1997 година, за време на граѓанската војна која траеше пет години.
XS
SM
MD
LG