Достапни линкови

Илјадници луѓе им оддадоа почит на жртвите од масакрот во Сребреница


Илјадници луѓе денеска им оддадоа почит на жртвите од масакрот во Сребреница, каде во 1995 година приближно 8.000 босански мислимански мажи и момчиња беа убиени за неколку дена, по преземањето на муслиманската енклава од страна на босанските српски сили. Енклавата дотогаш ја чуваа силите на ОН, објавуваат агенциите. За учесниците во церемонијата беа обезбедени приближно 160 автобуси, кои дојдоа од Сараево. Церемонијата се оддржа во Меморијалниот центар во Поточари, крај Сребреница, и за време на неа беа погребани останките на 534 идентификувани жрти од колежот, ексхумирани од масовните гробници во реонот. До денска во меморијалните гробишта се погребани останките на околу 3.200 жртви, идентификувани по ексхумацијата од околу 70 масовни гробници, откриени во реонот. Масовното убивање на луѓето во Сребреница, квалификувано како геноцид од Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија и од Меѓународниот кривичен суд, оваа година се одбележува во целата Европска унија, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, одобрена во јануари годинава.
XS
SM
MD
LG