Достапни линкови

Еден загинат на „Егзит 09“


Дваесет и двегодишниот Британец Ентони Џ.Ф од Лондон загина на фетсивалот „Егзит 09“, по пад од голема висина на Петроварадинската тврдина, изјави дежурниот истражен судија на Окружниот суд во Нови Сад Ненад Симовиќ. Несреќата се случила околу два часот по полноќ а увидот го извршила полицијата, изјави судијата Симовиќ, напоменувајќи дека „нема индиции оти станува збор за кривично дело“. Телото на момчето е пренесено во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад, каде ќе биде извршена обдукција.
XS
SM
MD
LG