Достапни линкови

Нов случај со симптоми сомнителни за грип од типот А во Скопје


На Клиниката за инфективни болести во Скопје во последните 24 часа е примен нов случај со симптоми сомнителни за новиот грип од типот А (Х1Н1). Пациентот, како што соопшти Министерството за здравство, претходно бил на патување во Црна Гора и на Клиниката се јавил со симптоми на болки во грлото и покачена температура. На Клиниката се хоспитализирани вкупно пет пациенти, а лекувањето е завршено кај четворица и тие се пуштени дома. Здравствената состојба на хоспитализираните лица е стабилна и покажува прогресивно подобрување, се наведува во соопштението од Министерството.
XS
SM
MD
LG